Италијанското дерби меѓу Рома и Милан заврши без победник (1-1) во возбудлива завршница во која беа постигнати два гола дури во самиот финиш.

Двете екипи играа израмнет фудбал и имаа по неколку шанси, но мрежите мируваа до завршницата од дуелот, односно судиското надополнување кога беа постигнати два гола.

Милан и Рома се наоѓаат на делба на четвртата позиција во Серија А со по 57 бодови, додека два бода повеќе од нив има Јувентус.

Рома и Милан одиграа 1-1 на „Олимпико“, а најинтерсните моменти се случуваа во судиското продолжение. Тами Ејбрахам донесе водство за „волчицата“ во 93.минута и кога се чинеше дека домаќинот е блиску до триумф, возврати Милан.

Одбраната на Рома во 97.минута го подзаборави Алексис Салемакерс, кој се уфрли на вториот дирек по нафрлувањето на Рафаел Леао и успеа да го израмни резултатот.

Сега и двата тима имаат по 57 бода и ја продолжуваат трката за пласман во Лигата на шампионите.