Неколку дена пред почетокот на Зимските параолимписки игри во Пекинг, Меѓународниот параолимписки комитет одлучи да ги протера руските и белоруските спортисти со инвалидитет откако Русија започна инвазија на Украина. Меѓународниот параолимписки комитет најпрво донесе одлука според која Русија и Белорусија можат да се натпреваруваат, но под неутрално име и под параолимпиското знаме, но таа набрзо се промени.
Таа одлука воопшто не и се допадна на руската олимпијка Наталија Непрјаева, која неодамна освои злато, сребро и бронза во скијање на Олимпијадата во Пекинг. “Не би сакала да се натпреварувам така, нема зборови за поддршка кои можат да помогнат. Со нив се однесуваат како свињи. Не сакам ни да коментирам за тоа, тоа е одвратно”, рече таа.