Френк Лампард еднаш ги посрамоти навивачите на Тотенхем како ТВ коментатор, велејќи дека тој и неговите соиграчи го нарекле стадионот на Спарс Вајт Харт Лејн „Три Поинт Лејн“, алудирајќи на честите прослави на Челзи против градските ривали.
Денеска веќе го нема Вајт Харт Лејн, но навивачите на Спарс можат да се радуваат бидејќи Тотенхем целосно го декласираше Евертон на Лампард на домашен терен со убедливи 5-0. Во последното коло со 4:0 против Лидс, Спарс ја забележаа најубедливата победа под водство на Антонио Конте, а сега малку повеќе го подобрија тој ефект.
Голеадата стартуваше во 14. минута. Хари Кејн беше блиску до центаршутот на Сесењон, но голот му беше припишан на Мајкл Кин како автогол. Три минути подоцна, шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски асистираше за Хеунг-Мин Сон.
Доминантниот настап во првиот дел го заокружи најдобриот стрелец во историјата на клубот. Во 37. минута Хари Кејн за влакно избега од офсајд и стрелаше за 3:0.
Во ист тон продолжи и второто полувреме Серхио Регулион и Кејн ја потврдија победата.
Тотенхем сега заостанува два бода зад Јунајтед на петтото место, со два натпревари помалку, додека Евертон, кој го забележа четвртиот пораз во седмиот натпревар на Лампард, се уште е многу блиску до зоната за испаѓање.