Ерлинг Халанд е чудовиште од голгетер, кој за само 14 меча успеа да дојде до 20 гола во Премиерлигата, никој побрзо не успеал до такво нешто од безбројните големи европски и светски ѕвезди. Веќе има постигнато 200 голови во кариерата, но за да го достигне неверојатниот Кристијано Роналдо му треба – уште „фурни леб да јаде“.
Несомнено е дека Халанд е вистинска машина за голови и досега каде и да играше, има импресивна статистика со просек од гол по натпревар. Но за да ги достигне рекордите на Роналдо, кој е светски рекордер по број на голови на клупски и репрезентативен план, Халанд допрва го чекаат предизвиците.
И „ЕСПН“ веќе пресмета што треба да направи Халанд за да го стигне и надмине неверојатниот португалски ас. Треба да дава по 40 гола во просек во сезона, постојано до – 2037 година.