Ремито на домашен терен против Велс (1-1) на стартот од квалификациите за ЕП 2024, донесе големо разочарување во екипата на Хрватска. Денеска се појавија информации за караници помеѓу хрватските репрезентативци и тоа поради – себичност.
Медиумите во прв план го потенцираат случувањето од последната минута од првото полувреме, кога стрелецот на водечкиот погодок Андреј Крамариќ реши сам да ја заврши акцијата наместо да му асистира на Иван Перишиќ, кој беше во далеку подобра ситуација. Тоа многу го разлути фудбалерот на Тотенхем, кој упати рафал од пцовки во негов правец.
„Оди во ку*ац, е*и се“, биле првите зборови кои му ги упатил на себичниот соиграч.
Ваквата ситуација го налути и селекторот Златко Далиќ, кој беше подеднакво бесен на двајцата. Реагираше и капитенот Лука Модриќ, кој потенцира дека проблематичната ситуација треба брзо да се заборави.