Францускиот репрезентативец Антоан Гризман уште еднаш потврди дека излетот во Барселона му беше непотребен и погрешени дека најдобро се чувствува во дресот на Атлетико Мадрид.
Атлетико со победата против Севиља официјално ја заврши 2023 година во шпанската фудбалска елита, а билансот на крајот вели дека токму искусниот француски напаѓач бил најдобар играч во Ла Лига. Ако се земат само натпреварите во календарската година, Гризман е најдобар стрелец и асистент во шпанското првенството со 21 гол и 16 додавања.
Тоа значи дека Гризман учествувал во постигнување на 37 од вкупно 83 гола на Атлетико во оваа година. Ниеден друг фудбалер во лигата нема ваков ефект и покрај тоа што таму играат големи ѕвезди како Левандовски, Винисиус, Родриго итн.