Српската ѕвезда на Јувентус, Душан Влаховиќ постигна спектакуларен гол од слободен удар, за „старата дама“ после две минути да поведе во дербито со Рома во Торино.

Влаховиќ не му даде шанса на голманот на Рома ни да мрдне откако под пречка погоди од преку 20 метри за ерупција на стадионот „Алијанц“.