Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го победи ГФК Охрид со 2-0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Симеон Христов во 32.минута го отвори резултатот за „црвено-црните“ додека во вториот дел во листата на стрелците се запиша и Јусуфи.

Гостивар на домашен терен ја совлада Каменица Саса со 1-0. Стрелец на победничиот гол беше Емран Рамадани во 83. минута од мечот.

Пелистер ремизираше без голови во Битола против Беса, додека Воска Спорт со 3-0 ја совлада Локомотива Пехчево.

Беласица го декласира Борец со 5-0. По два гола постигнаа Даниел Радојчиќ и Андреј Симевски, а во листата на стрелците се запиша Славе Митовски.

Standings provided by SofaScore LiveScore