Скоро да нема медиум на Апенините кој не потенцира дека „аѕурите“ ги чека незгоден ривал, па на тој став е и Виери, поранешниот напаѓач на Јувентус, Аталанта, Лацио, Интер, Милан, Атлетико Мадрид, Фиорентина.
„Ни се паднаа најтешката репрезентација. Не ми изгледа баш добро сето ова, плус што целиот притисок сега е на Италија. Сите веќе гледаат дерби Италија – Португалија, а ние прво имаме задача со Македонија и прво нив треба да ги победиме. А, нема да ни биде воопшто лесно, зашто во денешниот фудбал секој игра фудбал и секој секого може да победи“, вели Виери.
Поранешниот голгетер посочува дека најголем проблем за „аѕурите“ сега ќе биде невидениот притисок што сам по себе се наметнува поради европската титула летово.
„Сега атмосферата е тотално различна од таа пред Еуро 2020. Италија е сега европски првак, а никој не очекуваше од Италија дека ќе дојде до тронот. Така да притисокот ќе биде неверојатен. Второ, нѐ чека прво Македонија, а ќе повторам нема да биде лесно да ги победиме. Второ, ако победиме одиме во Португалија, а таму повторно нѐ чека силен тим. Нам ни паднаа најлошите опции. Оваа ждрепка беше кошмарна“, вели Виери.