Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа пораз од репрезентацијата на Срвија со резултат 25:33. Ова беше прв контролен натпревар кој се одигра во Стара Пазова, како подготовка за Србија за настапот на Светското првенство (СП) кое се игра во месец јануари.
По одличното прво полувреме, Србинките имаа 10 гола предност (20:10) и потоа веќе беше предоцна да се обидеме да направиме некакво изненадување. Со 6 гола Ковачевиќ беше најефикасна кај Србинките, додека во наша репрезентација 9 гола останаа зад името на Јанеска.
Терминот на вториот пријателски натпревар е за понеделник од 12:00 часот.