Фудбалерите на Бохум на домашен терен го совладаа Фрајбург со 2:1 (0:0) во натпреварот од 13.коло на германската Бундес лига.
Најголемото изненадување во бундеслигата, тимот на Фрајбург, поведе во 51. минута од натпреварот со голот на Лиенхарт, а само три минути подоцна израмни Полтер. Победата на домаќинот му ја донесе Србинот Милош Пантовиќ со спектакуларен гол во 82. минута од играта.
Како изгледаше сето тоа погледнете во видеото.