Јунак на Арсенал е Габриел Магелаеш, бразилскиот стопер и мајстор за корнери кој го даде својот деветти гол во дресот на „топчиите“ и деветти од корнер откако дојде пред две години во овој лондонски премиерлигаш. Ужасната реакција на „сините“ на корнерот, Габриел на втората статива го искористи за да даде гол за нова победа.
Арсенал имаше и поголем посед и повеќе шутеви од Челзи, кој очигледно повторно влегува во резултатска криза со втор пораз по ред и четири меча без триумф, а денеска имаа само пет обиди за гол од кои за 90 минути само еден – директен.
Арсенал со 34 бода повторно е лидер, два пред првакот Манчестер сити, додека Челзи со четвртиот сезонски пораз остана на 21 бод и на седмото место на табелата.