Многу познати ликови вечерва беа во Париз во театарот „Шателе“, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Бразилецот Роналдо, Андреј Шевченко…

Сите дојдоа да го поздрават новиот добитник на Златната топка, а имаше десет номинирани.

Карим Бензема, Ерлинг Халанд, Роберт Левандовски, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лука Модриќ, Кевин Де Бруин, Тибо Куртоа, Мохамед Салах и Винисиус Жуниор беа фудбалерите номинирани за Златната топка.

Водител на емисијата вечерва беше Дидие Дрогба, кој се испроба во нова улога, а друштво му правеше Санди Ерибер.

Најпрво беше доделена наградата за најдобар млад играч по име „Трофеј Копа“, а тоа е фудбалерот на Барселона – Гави. Подоцна, наградата „Сократ“ му беше доделена на Садио Мане, кој е познат по својата добротворна работа и скромност.

Алесија Путелас е најдобрата светска фудбалерка, а најдобар голман е Тибо Куртоа, додека Левандовски е најдобар напаѓач, односно стрелец на најмногу голови за клубот и репрезентацијата, па го доби „Герд Милер” трофејот.

Најдобар клуб е Манчестер Сити, а потоа конечно го добивме вистинското, а тоа е прогласувањето на Бензема за најдобар во светот.

Заслужено, мора да се признае, а наградата му ја врачи Зинедин Зидан, последниот француски добитник на Златната топка до сега.

https://twitter.com/francefootball/status/1582097907507134464?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1582097907507134464%7Ctwgr%5Eb7799d492d62027ba929d060ac97933f907be56c%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.hr%2Fvijesti%2F570638%2Fnogomet-nogometni-svijet%2Fbilo-bi-cudno-da-je-drugacije-karim-benzema-osvojio-je-zlatnu-loptu%2F