Олимпик Лион го совлада Рен во натпревар на кој домаќините направија пресврт во второто полувреме. Рен водеше со гол постигнат во 11 минута и предноста ја одржуваа до 60 минута. По еден изведен корнер, топката дојде до Толисо, а овој со шут од преку 25 метри успеа да постигне прекрасен погодок.

Не се знае дали Толисо имаше идеја да шутира или акцијата требаше да заврши со центаршут, затоа што во противничкиот шеснаесетник имаше повеќе фудбалери на Лион. Без разлика дали голот беше случаен, останува фактот дека тој е еден од најубавите постигнати денеска во фудбалска Европа и може да го видите ТУКА.

 

Погодокот на Толисо беше и најава за пресвртот на Лион, па домаќините на крај триумфираа со 3:1, во дербито на колото во француското првенство.

Овој погодок на Толисо потсети на голот кој во петокот го постигна Салернитана против Интер, кога Нераѕурите беа шокирани во последните моменти од дуелот.