Бетис киксираше во трката за ЛШ откако денес загуби од Кадиз на домашен терен со 0-2, па сега е на минус шест бода во однос на најблискиот Реал Сосиедад во трката за место во Европа.
Исклучувањето на Серхио Каналес уште во 38-та минута беше клучен момент за Бетис да загуби дома, па Кадиз ја искористи бројчаната надмоќ и во шест минути во вториот дел со два гола го осигура триумфот. Рубен Алкараз во 53-та донесе водство, а Тео Бонгонда ја удвои предноста, по што задачата до крајот уште повеќе им ја олесни Аитор Рубаи со втор црвен картон.
За Кадиз ова беше огромна победа, зашто стигнаа до 31 бод на 14-то место за барем малку да здивнат во пеколната борба за опстанок, сега со четири бода над најзагрозените во опасната зона Еспањол и Алмерија кои имаат по 27.