Бојан Миовски ги постигна првите два гола во дресот на Абердин во шкотската Премиер лига.

Македонскиот напаѓач продолжи во одлична форма и со две реализации донесе висока предност на дуелот против Сент Мирен. Најпрво реализира пенал, а потоа од игра зголеми на 2-0.

Натпреварот заврши со победа на Абердин од 4:1. Ова се први три бода на контото од новиот клуб на македонскиот репрезентативец.