Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ го одбележа првото коло во англиската Премиер лига со два гола против еден од главните фаворити за титулата, Ливерпул. Повратникот во елитата беше одличен на домашен терен, двапати водеше, а за малку не успеа да стигне и до победа.
Митровиќ на почетокот на вториот дел покажа дека не само што е исклучителен стрелец, туку и фудбалски велемајстор. Имено, Митровиќ неколку пати го наседна еден од најдобрите стопери во светот, Холанѓанецот Вирџил ван Дијк, кој делуваше загубено во дуелот со најдобриот стрелец на Чемпионшип дивизијата од ланската сезона.
Навивачите на Фулам на крајот од натпреварот со долг аплауз го наградија Митровиќ, како и целиот тим на Фулам кој постигна подвиг на стартот од Премиер лигата против Ливерпул.