Екипата на нашиот Миовски, Абердин се пласира во 4. коло од Шкотскиот куп, на гостински терен го совлада третолигашот Клајд со 2-0.
Секако дека еден од најзаслужните за овој триумф беше македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, кој во 32. минута го постигна првиот гол за својата екипа, со удар со левата нога во самиот агол на противничкиот гол. Точка на надежите на нисколигашот стави Девлин во 57. минута.
Ова беше петти гол во последните шест средби за Миовски во Шкотска, а вкупно деветти сезонава во 19 одиграни средби за Абердин.