Репрезентациите на Египет и Гана одиграа навистина интересен натпревар, но на крајот ремизираа со конечни 2-2 (0-1) во второто коло од групата Б на Африканскиот Куп на нации во Брегот на слоновата коска.
Возбудувањата се случија во второто полувреме, а по првите 45 минути Гана водеше со голот на одличниот играч на Вест Хем, Мохамед Кудус. Египет заигра подобро на стартот од вториот дел, а наградата за добрата игра пристигна во 69. минута, кога Мармуш израмни на 1-1.
Феноменалниот Кудус стигна до својот втор гол само две минути подоцна, но сепак, тимот на Мохамед Салах успеа да освои важен бод со голот на Мостафа Мохамед во 74. минута. Овој гол беше последен на натпреварот, а конечниот резултат на крајот беше 2-2.
„Фараоните“ имаат само два бода, но уште се во игра за пласман во разигрувањето, додека за Гана ова беше првиот бод, откако чудесно загуби од Зеленортските острови во првото коло.