Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафинале на Австралија опен. Новак денеска го совлада Аргентинецот Томаш Мартин Ечевери (6-3, 6-3, 7-5) што за него беше прв триумф годинава во Мелбурн без загубен сет.
Србинот во првите два сета рано дојде до брејк, па без поголема неизвесност дојде до сигурно водство 2-0 (6-3, 6-3). Далеку најдраматичен беше третиот сет, немаше ниту една брејк-топка, па се играше тај-брејк. Србинот во овој екстра-гем го покажа својот квалитет и искуство и успеа да го скрши отпорот на мотивираниот противник.
Негов следен противник на патот кон 11. круна на Австралија опен, а вкупно 25. гренслем титула ќе биде победникот од пресметката помеѓу Американецот Шелтон и Французинот Манарино. Ова воедно беше и прв меч на Новак годинава во Мелбурн кој го реши за помалку од три часа игра, со оглед што на теренот мина два и пол часа.