Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е разочаран затоа што беше депортиран од Австралија и не можеше да ја брани титулата на својот омилен турнир, откако во претходните две недели преживеа тешка драма поради протоколите со визата и ковид-19.

Во претходните денови Ѓоковиќ доби голема поддршка од многу навивачи, а дел од нив решија да му направат мурал на една зграда во косовска Митровица.