Новак Ѓоковиќ со аплаузи беше поздравен на својот прв натпревар во Австралија по ланското непријатно искуство кога беше депортиран, но резултатски лошо мина на турнирот во Аделаида, го загуби мечот во двојки на кој настапи во тандем со неговиот канадски пријател Вашек Поспишил.
Србинот и Чехот загубија од Бркиќ и Ескобар, па сега Новак се фокусира целосно кон настапите во сингл, како загревање за првиот грен-слем годинава, Австралијан опен, на кој Ѓоковиќ ќе оди во потера на својата десетта титула.