Според медиумите од Блискиот Исток, Кристијано Роналдо би можел да стане фудбалер на Њукасл.
Сопствениците на Ал Наср за кој неодамна потпиша Португалецот и „страчките“ се исти, па нема проблем да се договори за соработка.
Додуша, потенцијална. Според наводната клаузула во договорот на Роналдо, тој следната година ќе биде позајмен на Њукасл, но само доколку тимот на Еди Хау се пласира во Лигата на шампионите.
Не е сосема нереално. Њукасл моментално е трет со два бода повеќе и натпревар помалку во однос на четвртопласираниот Манчестер Јунајтед.
Роналдо во текот на денот ќе пристигне во Ријад, каде би можел да ги помине следните две и пол години доколку не се исполни споменатиот услов. Се очекува веднаш да биде подложен на лекарски преглед, по што ќе следи официјална промоција, а поранешниот играч на Реал Мадрид во вторник би можел да го одработи првиот тренинг со тимот.
https://twitter.com/curiosidadesdb/status/1609668939893673984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1609668939893673984%7Ctwgr%5Edbcce358ea971aac8860f3480078b2636245ed70%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2023mm%3D01dd%3D02nav_id%3D2267736