Кристијано Роналдо има 37 години и влегува во залезот на својата кариера, но тоа не значи дека и натаму не е светска класа. Вечерва му даде три гола на Тотенхем во победата на Манчестер јунајтед од 3-2.

Португалецот воедно стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот со 807 голови. Вечерва продолжи вечната дебата кој е подобар фудбалер Роналдо или Меси.

Ако ја споредуваме оваа сезона фудбалерот на Манчестер јунајтед е далеку напред. Тој само денеска постигна три гола, што е за еден повеќе од Аргентинецот цела сезона во Лига 1.

Со оглед на огромната разлика во квалитет на двете првенства, јасно може да се заклучи дека Роналдо има далеку посупериорна сезона од Меси.

Ѕвездата на Јунајтед сезонава има 18 голови на 32 натпревари во сите конкуренции, додека фудбалерот на ПСЖ, има седум голови на 25 натпревари во сите натпреварувања.