Хајдук Сплит и Динамо Загреб ремизираа без голови во најголемото дерби на хрватскиот фудбал одиграно на „Пољуд“. Пред натпреварот имаше инциденти, беше каменуван автобусот со кој фудбалерите на Динамо се движеа кон стадионот, со камења и шишиња беа нападнати и автобусите кои ги донесоа гостинските навивачи на натпреварот, а имаше многу работа и за полицијата.
Приведени се вкупно 89 лица, полициските службеници пронашле и заплениле вкупно 35 парчиња разновидна пиротехничка техника и еден гасен пиштол.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски беше стартер во тимот на Динамо Загреб и играше се до пред крајот. Аријан Адеми не е доволно подготвен за камбек, а Јани Атанасов остана на клупата за резерви кај Хајдук.