Милан се пласираше во четвртфиналето на купот со победата на домашен терен против Џенова со 3:1. Гостите поведоа во 17. минута со голот на Естигард, а Милан го спаси Оливие Жиру во 74. минута. Неговиот прекрасен гол со глава по центаршутот на Тео Ернандез му донесе продолженија на Милан, а таму пресвртот со прекрасен гол го донесе Рафаел Леао во 102. минута.
https://twitter.com/vcaybaba/status/1481752130683867138?s=20
Конечниот резултат го постави Алексис Саелемакерс на уште едно додавање на Хернандез.
Горан Пандев доби Шанса при крајот на натпреварот но не можеше да помогне Џенова да помине во наредниот круг.