Стрелец на единствениот гол за „росонерите“ беше дефанзивецот Пјер Калулу. Французинот постигна убав гол од далечина, откако до него дојде одбиена топка по слободниот удар на Оливие Жиру. Стоперот со лева нога одлично пласираше во голот на Емполи во 13.минута.
Со овие три бода Милан сигурно останува лидер и по овој натпреварувачки викенд со 63 бода, односно има пет повеќе од Интер, кој утре гостува кај Торино.