Милан победнички ја отвори 2022 година откако на „Сан Сиро“ ја совлада Рома со убедливи 3-1. Сега „Росонерите“ имаат 45 бода, само еден помалку од Интер, кој најверојатно ќе добие службени бодови за денешниот дуел против Болоња, која не се појави на теренот иако беше домаќин.
Оливие Жиру во осмата минута од пенал донесе водство за Милан, а Жуниор Месијас девет минути подоцна зголеми на 2-0.
Пред крајот на првиот дел Рома постигна гол за надеж преку Тами Абрахам во 40.минута.
Сепак, Карсдорп во 74.минута беше исклучен поради два жолти картони, а Рафаел Леао во 82.минута постигна трет погодок за Милан.
Во судиското продолжение, Мансини заработи црвен картон, а Златан Ибрахимовиќ не успеа да реализира пенал.