Лидерот во шпанска Примера, Барселона, има постигнато договор со дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт Еван Н’Дика, пренесуват германските медиуми. 23-годишниот Французин нема намера да го продолжи договорот со актуелниот клуб, кој истекува ова лето, и ќе се пресели на „Камп Ноу“.
Германските медиуми истакнуваат дека деталите за трансферот ќе бидат познати во текот на март.
Покрај Барселона, за Еван Н’Дика се интересираат и Интер и Јувентус од Серија А, како и неколку клубови од Премиер-лигата.