Продолжува доминацијата на гигантот ПСЖ во Суперкупот – 10. титула во последните 11 години Екипата на ПСЖ го одбрани трофејот во францускиот Суперкуп откако вечерва славеше во дуелот против Тулуз со 2-0.
Натпреварот што се одигра на Паркот на принцовите беше решен во првото полувреме во кое „светците“ доминираа и ги постигнаа двата гола. Отвори Ли Канг по само две минути игра на асистенциа на Дембеле, а конечниот резултат го постави Килијан Мбапе на истекот на првиот дел. Тулуз не се предаде, во второто полувреме сериозно го загрози ПСЖ, но не успеа да дојде барем до почесен гол.
ПСЖ доминира во ова натпреварување, за екипата ова е десетта титула во последните единаесет изданија на Суперкупот. Единствена екипа која ја прекина доминацијата на „светците“ беше Лил во 2021 година.
Во последните 11 години, ПСЖ освои дури десет титули во ова натпреварување и сега е убедливо најуспешен со вкупно 11, пред Лион кој има осум.