Во Премиер лигата се одиграа четири натпревари, а највозбудливо беше на средбата Брентфорд – Борнмут која заврши со победа од 3-2 на домаќините.

Во 17 минута Еванилсон ја погоди мрежата за водство на гостите, за израмнување се погрижи Виса десет минути подоцна.
Со по еден гол и на двете страни се замина на паузата. На самиот старт во вториот дел Клајверт стрелаше за второ водство на гостите.  Сепак набрзо дојде до целосен пресврт.

Само минута по голот на Холанѓанецот, Дамсгарт носи израмнување, а во 58. минута Виса со својот втор гол носи предност за домашниот тим. На крајот тој резултат се покажа и како конечен.

На останатите три средби Вулверхемптон со 2:0 беше подобар од Саутемптон, Фулам на гости го совлада Кристал Палас со истиот резултат, додека без голови заврши средбата Вест Хем – Евертон.