Италијанскит шампион Интер не успеа да го освои Бергамо. Аталанта го сопре победничкиот чекор на „нероаѕурите“ ремизирајќи без голови во дербито на колото. Сега Интер има само два бода предност во однос на градскиот ривал Милан.

Тимот на Симоне Инзаги не делуваше убедливо, напротив, покажа максимална почит кон домаќинот, кој исто така не успеа да стигне до посакуваната победа. Во финишот шанси пропуштија Муриел и Пашалиќ.

Аталанта со ова реми се издвои на четвртото место со 42 бода и има бод позитива во однос на Јувентус.