По 11 дена драма околу Новак Ѓоковиќ, неговите документи за вакцинација, визата за влез во земјата и неговиот настап на Австралија опен, Федералниот суд одлучи да ја отфрли жалбата на Ѓоковиќ и да го депортира.
Со денешната одлука на австралискиот суд, Ѓоковиќ остана без настап на турнирот кој го освои рекордни девет пати. Тој остана без шанса да го освои 21. Грен слем во кариерата и на тој начин да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат и по 20 титули.
Српскиот тенисер беше првиот фаворит на Австралија опен и многу букмејкери се обложија на него пред почетокот на турнирот. Бидејќи нема да игра, сите облози на него треба според правилата за обложување да паднат на коефициент 1,00, односно се брои како да не се ни одиграни.
Сите тикети одиграни во MaxBet обложувалницата за победа на Новак во Австралија ќе бидат исплатени. Коефициентот дека Ѓоковиќ го освоил турнирот бил 2,10.
“Веќе го знаеме името на шампионот на Австралија опен, а се вика Новак Ѓоковиќ“, велат тие.