Новак Ѓоковиќ одигра одлично во првиот сет и ја искористи втората брејк-шанса на противнички сервис за водство од 3-2. Србинот потоа изврши нов притисок врз Нори во седмиот гем, но Британецот успеа да се одбрани (3-4), по што најдобриот тенисер во светот продолжи со сигурниот сервис за да го освои сетот со 6-4.
Србинот го почна вториот сет со брејк уште во првиот гем (1-0), а потоа без проблеми сервираше и не му дозволи на Нори ниту да помисли на брејк-топка (6-4).
Првата пресметка за Србија ја доби Кецмановиќ, кој по голема битка со 7-6 и 7-6 го надигра Дрејпер за финале на Дејвис Купот ќе се бори против Италија, која претходно ја совлада Холандија.