Руското тениско чудо, 16 годишната Андреева губеше 1-5 во последниот сет и на крајот победи.

Таа го навести својот извонреден талент минатата сезона, а потврда за каков бисер станува збор дојде на стартот од 2024 година. Андреева во третото коло на гренслемот во Мелбурн ја совлада Дијана Пари со 2:1 (1-6, 6-1, 7-6), а во последниот сет се случи нешто фантастично. Французинката водеше со 5-1 во решавачкиот сет, со предност од два брејка. Се чинеше дека 16-годишната Русинка е пред елиминација, но успеа да се врати и потоа да оствари голем триумф во супер тај-брејкот.

 

Андреева лошо го отвори мечот, бидејќи во првиот сет освои само еден гем, но одговори со иста мерка во вториот, па повторно целосно потона на стартот од третиот сет. Се чинеше дека неможе да се врати од огромна негатива во третиот сет, но руското чудо од дете покажа огромна ментална сила и по повеќе од два и пол часа жестока борба – заслужено победи. Таа во четвртото коло ќе игра против подобрата од мечот Сторм Хантер и Барбора Крејчикова.