Неверојатна ситуација се случи во 14-тата минута на натпреварот од Азискиот куп помеѓу Кина и Либан, кој на крајот заврши без голови, 0-0.
Фудбалерот на Либан откако изби една топка, со крампоните го удри директно во глава противничкиот фудбалер, кој како покосен падна на тревникот со очигледна расекотина на лицето. Кога сите очекуваа дека либанецот ќе доби црвен картон за несмасниот старт, судијата одлучи само да ја прекине играта за да влезе докторот, а верувале или не, не досуди ниту фаул за Кина.