Фудбалската репрезентација на Уругвај по голема драма и победа од 2-0 против Гана остана без пласман во осминафинале на Светското првенство (СП), откако Јужна Кореја триумфираше со 2-1 против Португалија.
Ова е емотивна ноќ за двете репрезентации, а солзи можеа да бидат забележани на лицето на Луис Суарез, но и на Хеунг-Мин Сон, но двајцата плачеа од сосема спротивна причина.
Суарез не можеше да се воздржи бидејќи неговата селекција нема да игра во нокаут-фазата, додека Јужна Кореја се најде меѓу најдобрите.