Претставникот на Андора, Интер Ескалдес испушти можност да направи уште едно чудо и мега сензација во европските купови.
Откако минатата недела на домашен терен го демолира мостарски Вележ со 5-1, Интер беше пред мега-сензација на гостувањето кај АЕК во Атина. До 65. минута, грчкиот претставник во квалификациите за Конференциската лига водеше со 4-0 и се очекуваше само крајниот исход кој требаше да биде убедлива победа на АЕК. Сепак, прво Вида си даде автогол, потоа Андреу погоди од пенал и на крајот погоди Вити, па Интер Ескалдес намали на 3-4 и имаше можност во финишот да дојде и до израмнување.
Идната недела на домашен терен, тимот од Андора ќе се обиде да ја комплетира сензацијата и да дојде до историски пласман во третото квалификациско коло.