Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски летово е на цена и се поизвесно е дека ќе го напушти шкотскиот Абердин.

Најмногу шанси за потпис со одличниот наш голгетер и се дава на италијанска Болоња, но во редот за Бојан секојдневно има нови заинтерисирани клубови.
Еден од нив е повратникот во шпанска Примера, екипата на Еспањол од Барселона. Овој клуб го ставил Миовски на врвот на листата желби како засилување во летниот преоден рок.

Оваа информација ја пренесе угледниот новинар Ентони Жозеп на својот профил на социјалнта мрежа „Х“.

Image