Барди дебитираше како капитен во минатиот историски мундијалски циклус против Ерменија во Ереван кога Македонија победи со 5-0, а тој се запиша во историјата на македонската репрезентација со хет-трикот, како прв после две децении кој дал три гола во Мундијалски квалификациски меч.
„Чест и задоволство е довербата да бидам капитен, да јас ќе ја носам, ама јас постојано потенцирам дека сите во тимот сме капитени и еднакво придонесуваме за успесите на оваа решрезентација. Последен пат кога бев капитен во Ерменија победивме со 5-0 и дадов хет-трик, па сега видете…“, рече Барди денеска во пресрет на мечот.
Фудбалерот за врска посочи дека очекува овој меч со Бугарија, а и следните во овој нов циклус да бидат и потешки од мундијалските баражи во март, кога направивме чудо против Италија во Палермо, но во завршниот меч за визата за СП загубивме од Португалија.
„Имаме искуство, знаеме да играме и кога противникот е фаворит, сега сме спремни да играме паметно и кога ние сме фаворити, но да не се залетуваме. Имаме победнички менталитет, но овие мечеви се потешки од претходните во баражот. Важно е добро да стартуваме и мислам дека псигхички и физички сме подготвени за предизвикот