Некогашниот фудбалер на Јувентус, Масимо Мауро открил скандалозни детали од соблекувалната на „бјанконерите“ додека таму играл Кристијано Роналдо.
Мауро тврди дека во Торино никој не го сакал Роналдо, дека тој бил насилен и дека дури удирал. Последниот детал особено ги заинтригира присутните.
„Немојте да го споредувате со Роналдо, тој човек сите го сакаа и беше популарен кај соиграчите, додека Роналдо ја растури соблекувалната на Јувентус. Еднаш дури и удри колега. Федерико Киеза би требало да собере храброст и да го каже тоа“, изјави Мауро.
Насилното однесување не е ништо ново за Роналдо иако досега немаше информации дека напаѓал соиграчи. Пред неколку месеци заврши судскиот спор во кој беше обвинет за силување девојка во Лас Вегас, неколку пати имаше испади на натпревари, а капак на се беше инцидентот од минатата сезона кога на аутистично дете му го скрши телефонот и го удри по раката.