Во Реал само во едно се сигурни, Килијан Мбапе од лето ќе биде нов напаѓач, ги одбил сите понуди за продолжување на договорот и како слободен играч ќе го носи белиот дрес.
Но, дилемата останува Халанд.
Имено, во Мадрид има сомнежи. Зашто, ако го купат Норвежанецот кој навистина сака да премине во Реал, нема да има пари за засилување на другите линии од тимот. Норвежанецот ќе чини 75 милиони евра, плус провизии за неговиот татко и Рајола, а би ја имал втората најголема плата во клубот, веднаш по Мбапе.
Тоа веројатно би предизвикало тензија околу Бензема, кој би побарал да си замине бидејќи не сака да ја дели минутажата на позицијата лидер на нападот.
Сепак, мнозинството во клубот наводно сметаат дека не смеат да дозволат Халанд да замине во Барса, да жалат за таа одлука во иднина и дека со сета почит кон Бензема, тој повеќе не може да игра на сегашното ниво.
„Ако ги имате Мбапе, Халанд, Вини во нападот, тогаш Чендо (поранешен легендарен дефанзивец) може да игра на десен бек“, изјави уредникот на Марка, Сантијаго Сикера. Ваквите мислења преовладуваат, имено јавноста смета дека со таков потенцијал во нападот Реал не мора да се грижи што ќе се случува на другиот дел од теренот.
Која е другата теорија?
Дека на тимот не му треба Халанд, бидејќи со тие пари би можеле да ги решат прашањата во одбраната и средниот ред.
„Потребно е Реал да се засили на другите позиции, трофеите се освојуваат со цврстина во сите линии на тимот, а не со купување суперѕвезди, тоа го дозна Флорентино. Потребни му се нов десен и лев бек, како и Рудигер во одбраната. Покрај тоа, Реал мора да бара замени за Модриќ, Крос и Касемиро“, е спротивното мислење на новинарот Мигел Анхел Лара.
Но, оние кои се мнозинство сметаат дека клубот веќе има решенија во средината, дека е дојдено време конците да ги преземат Валверде и Камавинга и дека е полесно да се купи играч од средниот ред во некоја од следните години.
Прашање на тајминг е, некој Халанд се појавува за 10-15 години, а можеш да најдеш некој како Чуамени од Монако кој секоја сезона е на мета на Реал Мадрид , таков играч може да се најде и на друго место.Реал веќе има солиден тим, со Халанд и Мбапе кои се совршено компатибилни, тоа ќе биде како вселенски брод“, вели Алберто Рубио.
Поради платата што ќе ја има Мбапе и цената на провизијата, желбата е да се доведе уште еден слободен играч како Рудигер, Чуамени, но и нов десен или лев бек. Таму има многу кандидати, прва мета е Педро Поро од Спортинг, кој е играч на Сити. Алтернативи наводно се од ПЛ, Далот од Јунајтед или Макс Аронс од Норвич Сити. Што се однесува до левиот бек кој би го зазел местото на Марсело, можно е да биде промовиран Мигел Гутиерез, иако Зидан имаше подобро мислење за него од Анчелоти, а се споменуваат Фран Гарсија од Рајо Ваљекано или Шкотланѓанецот Камерон Тиерни од Арсенал. Но, веројатно ќе биде евтина опција бидејќи Алаба исто така може да оди лево ако е потребно. Така, доколку не го донесе Халанд, Реал би отишол со Рудигер и да го купи Чуамени од Монако, како и Педро Поро од Сити .
Перез мора да ги држи трошоците под контрола. Затоа, наводно, од Халанд било побарано да остане уште една сезона во Дортмунд, а потоа да дојде летото 2023 година, но тој одбил. Рајола го турка кон Барса, но Норвежанецот сепак сака да премине во Реал.
Трансферот зависи од проценката на мадриѓаните, дали да донесат две супер ѕвезди или само Мбапе, а во исто време да ги засилат другите линии на тимот?