По две нерешени средби во Серија А и еден пораз во Лигата на шампионите, Јувентус се врати на победнички патеки, и тоа на гостување кај Удинезе на кое редовно освојува бодови.
Еден добар потег на Тирам на крајот заврши со автогол на несреќниот голман Окоје, за потоа Савона да постигне гол за 2:0 во 37-та минута од натпреварот.
Овој резултат беше доволно добар капитал за Јувентус, кој дефинитивно се задоволи со тоа што го понуди во првиот дел, па во вториот реши да одработи рутински.
Оваа победа му овозможи на Јувентус да се израмни со Интер на табелата, а истата е добра најава и за мечот со Лил во Лигата на шампиони.
Головите погледнете ги ТУКА
Екипата на Болоња со многу мака успеа да го скрши отпорот на незгодниот Лече и успеа да слави победа со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Рикардо Орсолини, кој донесе огромна радост за навивачите во 85. минута од дуелот.