Женската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од селекцијата на Словенија со што ги загуби шансите за пласман во баражот за Европското првенство.
Словенија која денеска беше голем фаворит во натпреварот во последното коло славеше победа со 4:0.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога Словенија со двата гола на Прасникар и едниот на Коросец поведе со 3:0. Првите два гола нашата селекција ги прими уште во првите шест минути.
Во второто полувреме нашата мрежа се тресеше уште еднаш. Конечните 4:0 ги постави Кастаелец во 71. минута.
Македонија својата шанса за бараж ја пропушти во претходното коло кога го загубивме натпреварот со Летонија на свој терен (2:1), а со победа во тој дуел баражот ќе ни беше обезбеден без разлика на денешниот резулат со Словенија.