Европските шампиони се вратија на Пиринеите во својата земја каде им приредија спектакуларен дочек. Илијадници фанови ги преплавија улиците во Мадрид за да ги поздрават своите херои.
Шпанците не влегоа како едни од главните фаворити за освојување на Европското првенство, но одиграа спектакуларен турнир победувајќи на сите седум натпревари.
За успехот да биде позначаен на патот до трофејот ги совладаа великаните како Италија, Германија, Франција и Англија.
„Ви благодариме што ја покажавте најдобрата верзија од Шпанија. Ова беше како приказна“, изјави премиерот Педро Санчез кој ги прими фудбалерите.