Џиџи Буфон освои многу трофеи со Јувентус, стана и светски шампион со Италија, но направил интересен избор за натпревар со кој се гордее најмногу во кариерата.
Легендарниот голман кој во моментов е член на Парма, во интервјуто за „Ла Стампа“ го потенцирал натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Тоа беше реванш средба од четвртфиналето во сезоната 2017/18, на која Јувентус водеше со 0:3 на „Сантијаго Бернабеу“ и беше на раб да избори продолжение, за судијата Мајкл Оливер да досуди пенал во судиското надополнување, а Роналдо со погодок го испрати Реал во следната рунда.
– Натпреварот во Мадрид во 2018 година е тој со кој се гордеам најмногу.
– Сепак се уште не разбирам зошто добив црвен картон, бидејќи не го навредив судијата, а тој беше удрен од друг фудбалер, – вели Буфон.