Мајсторката помеѓу Црвена Звезда и Партизан е прекината поради тоа што судиите беа нападнати со тврди предмети од трибините во салата „Пионир“.

Тие едвај спасија жива глава, бидејќи беа „бомбардирани“ од навивачите на Звезда па мораше да реагира и обезбедувањето. Резултатот беше 39-39 пред прекинот на стартот на вториот дел.

 

Натпреварот 15 минути беше во прекин и се празнеше салата. Натпреварот решаваше за титулата во АБА Лигата и со тоа и пласманот во Евролигата следната сезона.