НБА Лигата го суспендираше Никола Јокиќ на еден натпревар без плата поради инцидент во кој налета на играчот на Мајами Хит Маркиф Морис и го собори на подот во рагби стил.
Инцидентот се случи на натпреварот во Мајами во понеделникот вечерта, кој Нагетс убедливо го добија со 113:96. На неколку минути пред крајот, кога веќе беше решен победникот, Морис направи непотребно груб прекршок врз Јокиќ, и го удри во неговите ребра. Србинот ги загуби нервите и со полна сила налета на Морис додека овој не гледаше.
https://twitter.com/BallyHEAT/status/1457927401078509574?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1457927401078509574%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fnba-liga-suspendirala-jokica-zbog-udaranja-igraca-evo-koliko-ce-ga-to-kostati%2F2317169.aspxЛидерот на Мајами, Џими Батлер, побара од Јокиќ да се пресмета надвор од салата, а играчите на Хит чекаа пред соблекувалната на Денвер по натпреварот, иако не е јасно со какви намери имајќи го предвид присуството на домашното осигурување и фактот дека таква физичка пресметка би остави огромни финансиски последици.
Освен Јокиќ, исклучен беше и Морис, поради неспортски прекршок од втора категорија. Тој помина само со финансиска казна од 50.000 долари, додека Батлер е казнет со 30.000 евра поради обидот да го ескалира конфликтот. Пропуштениот меч на Јокиќ ќе го чини дел од неговата плата од околу 385.000 долари.
Тоа ќе биде прв пропуштен натпревар за Јокиќ по сезоната 2018/19. бидејќи во последните две сезони не отсуствувал ниту еднаш. Последен пат беше надвор од составот на 7 април 2019 година.
По натпреварот, Јокиќ на новинарите им рече дека му е жал што така реагирал бидејќи ги разочарал соиграчите со тоа што бил исклучен, но не се покајал за ударот и истакнал дека морал да се брани на таков ситуации.