Вчера Чави на официјалната презентација вети дека ќе го даде и животот ако треба само за да успее овој проект со Барселона.

Легендарниот играч за врска изјави дека клуб како Барса не смее да се задоволи со просекот и дека мора исклучиво да оди на победи и трофеи.

Чави веќе на првиот ден на новата работа покажа дека е сериозен. Тој ги воведе правилата кои играчите ќе треба да ги почитуваат доколку имаат намера да останат во клубот, а денеска го одработи првиот тренинг и на играчите им го објасни својот план за воскреснување на каталонскиот великан.

Но и Чави реши да направи некои кадровски промени во тимот. Планира да го засили тимот со врвно крило за зима, а за да го доведе ќе мора да ја проветри соблекувалната.

Шпанскиот El Chiringuito објави дека Чави решил да им се заблагодари на дури шест играчи. Шпанската телевизија пренесува дека Чави му рекол на претседателот на клубот Лапортa дека не смета на Умтити, Ленглет, Нетo, Кутињо, Лук де Јонг и Брејтвејт и дека тие би можеле да го напуштат клубот веќе во јануари.

https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1457881899934830596?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1457881899934830596%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fel-chiringuito-pocela-je-cistka-u-barceloni-xavi-je-otpisao-cak-sest-igraca%2F2317003.aspx