Петти натпревар по ред екипата од Мајами победува со Лео Меси во составот, а аргентинецот на сите пет натпревари се запишува во листата на стрелците.

Најнова жртва на Меси и Интер Мајами беше екипата на Шарлот која беше совладана со 4-0, а најдобриот фудбалер на светот беше стрелец на последниот погодок за “розовите“ во 86-тата минута.

Интер Мајами со победата над Шарлот се пласира во полуфиналето од Лига Купот, Лео Меси даде еден погодок на овој натпревар.

Резултатот го отвори Мартинез со гол во 12. минута од пенал, а во 32. минута Тејлор погоди за водство од 2-0.

Во 78. минута Маланда си постигна автогол, а осум минути подоцна Меси ги постави конечните 4-0.

Во полуфиналето Интер Мајами ќе игра против Филаделфија Унион која со 2-1 го победи Куеретаро.